Респект: Пандев му даде гол на „својот“ Интер, но не се радуваше

Горан Пандев ја продолжи својата голгетерска серија откако и трет домашен натпревар во низа успеа да постигне гол за Џенова. И доколку погодокот против Лацио го прослави фуриозно, на овој денешниот против Интер македонскиот ас воопшто не сакаше да се радува, во знак на почит кон клубот со кого стигна до титулата европски шампион.

Пандев се најде на вистинкото место, па по една одбиена топка од гредата со волеј удар го совлада Хандановиќ, кревајќи ги рацете во знак на „извинување“ до „нероаѕурите“, кои ќе загубат бодови кои им се многу значајни во трката за излез во Европа.

Сепак, многу поважно за Пандев и за Џенова е што со позитивен резултат денеска оваа екипа конечно ќе го обезбеди опстанокот во елитното друштво за следната сезона.

Goran Pandev Goal HD – Genoa 1-0 Inter – 07.05… by Bundes-Liga

Се вчитува...