Рецептот е ист – Мбапе дава гол, Монако победува

Монако продолжува да гази се пред себе во францускиот шампионат, откако „кнезовите“ славеа на гостувањето во Каен со 0-3, зголемувајќи ја предноста на шест бода во однос на ПСЖ, кој вечерва го игра дербито против Лион.

Рецептот за победа беше идентичен како и на неколкуте последни средби, а во главна улога беше Килијан Мбапе. Тинејџерот кој е откровение на сезоната во светскиот фудбал повторно беше незапирлив, постигна два од трите гола за својот тим, а врз него беше направен и пеналот по кој Фабињо зголеми на 0-2.

За партијата на Мбапе доволно говори фактот дека младиот голгетер беше испратен со аплаузи и од домашните навивачи при замената во 87. минута, а јасно е дека овој 18-годишен ас со секој следен натпревар се повеќе ги заслужува споредбите со извонредниот Тиери Анри.

Kylian Mbappe Goal HD – Caen 0-1 Monaco 19.03.2017 by enteritament

Fabinho Goal HD – Caen 0-2 Monaco – 19.03.2017 by Super-By

Kylian Mbappe Second Goal vs Caen (0-3) by allsports0

Се вчитува...