Ревијални средби на најдоброто од мак-кошарката во рамките на јубилејот „70 години – КК Вардар“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во рамките на прославата на 70-годишнината од формирањето на КК Вардар која денеска се одржа во салата „Кале“ во Скопје, беа одиграни и два ревијални натпревари.

На прославата на која присуствуваа многу легенди на клубот и македонската кошарка, но и спортот воопшто, пропратена со забавна програма, ревијални дуели беа одиграни меѓу ЖКК Вардар и селекција од Спортската академија која беше предводена од легендата на македонската кошарка, Стојна Вангеловска.

kk vardar 1

Ревијален дуел одиграа и машкиот сениорски тим на Вардар против селекција на поранешни кошаркари на клубот.

[new_royalslider id=”657″]

Се вчитува...