Резервите го одведоа ПСЖ во четвртфинале

Пари сен Жермен потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето од Купот на Франција, славејќи на гостувањето против Ниорт со 0-2.

Унаи Емери експериментираше со тимот, оставајќи ги Гуедеш и Огустин како преводници на нападот, но таквата формација не успеваше да го скрши отпорот на противникот. Тренерот на ПСЖ беше принуден во вториот дел во игра да ги уфрли дел од своите најдобри играчи, а токму Пасторе и Кавани (кои влегоа заедно со Лукас Моура) ги постигнаа головите за четвртфинале.

Пасторе го отвори резултатот во 78. минута по центаршутот на Нкунку, а конечните 0-2 во 93. минута ги постави Кавани по асистенцијата на Пасторе.

All Goals HD – Niort 0-2 PSG – 01.03.2017 HD by nammakudla

Се вчитува...