ЖРК Вардар СЦБТ поразен од Будуќност - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
24/03/2017 15:49
Останато
24/03/2017 9:27
Фудбал
24/03/2017 8:50
Фудбал
23/03/2017 18:35

ЖРК Вардар СЦБТ поразен од Будуќност

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ, се враќа од мини-турнејата во Црна Гора, со една победа и еден пораз, откако избраничките на Индира Кастратовиќ, која денеска реши да и даде шанса на резервната постава, забележаа пораз од Будуќност со резултат од 28-32 (11-15) во Регионалната лига.

Нашиот шампион на денешниот натпревар настапи со ракометарки кои вообичаено добиваат помала минутажа, откако Кастратовиќ одлучи натпреварот на клупата да го преседат Радичевиќ, Ѓокиќ, Зебиќ и Фернандез, додека  Дембеле и Пино одиграа само по 15 минути.

На денешниот натпревар одигран во салата „Морача“ во Подгорица, во тимот на ЖРК Вардар СЦБТ најефикасна беше македонската репрезентативка Марија Штеријова со 8 постигната погодоци, Лојпур беше стрелец на пет гола, додека Црвенковска и Костјукова запишаа по 4 гола. Во тимот на Будуќност, Драгана Цвијиќ и Радмила Петровиќ запишаа по 6 погодоци, додека нашата репрезентативка во тимот од Подгорица, Елена Георгиевска, постигна 3 погодоци.

ЖРК Вардар СЦБТ: Лејно (12 одбрани и еден седмерец), Суслина, Костјукова 4, Радичевиќ, Ѓокиќ, Пино 2, Штеријова 8, Ристова 1, Дембеле, Фернандез, Зебиќ, Кликовац 3, Црвенковска 4, Хмирова 1, Лојпур 5, Димитровиќ.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.