РФМ ја исплати премијата од 40.000 за пласманот на ЕП 2018 во Хрватска

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското првенство во Хрватска 2018.

Македонија го освои првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина, со што се најде во вториот шешир во ждрепката за групите на ЕП 2018.

На ЕП во Хрватска што ќе се игра во јануари 2018 година, Македонија ќе игра во групата Ц во Загреб, заедно со репрезентациите на Германија, Црна Гора и на Словенија.

Ова ќе биде петто учество на машката сениорска репрезентација на Македонија на Европските првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество на големите ракометни натпреварувања

Се вчитува...