РФМ плаќа казна за чорапите и за „гаќиците“ на ракометарите!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонската ракометна федерација и на ова првенство ќе биде „олеснета“ за 1000 евра заради чорапите на ракометарите. И дополнително ќе треба плати уште 1000 евра за непогодените „гаќици“ на ракометарите што ги носат под шотцевите.

Чорапите на македонските ракометари не биле според прописите на ЕХФ на првиот меч со Словенија. А, на вчерашниот натпревар со Црна Гора непрописно им се гледале „гаќиците“ под шортцевите на Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Кире Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски и на Филип Лазаров.

Се вчитува...