Ригони со проектил го совлада Гачевски, 2-0 на полувремето (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар губи со 2-0 по првото полувреме на гостувањето кај Зенит во Санкт Петербург во рамките на петтото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Емилијано Ригони со прекрасен удар од 17 метри вторпат ја затресе мрежата на Гачевски на овој меч во 43.минута од натпреварот. Претходно, Дмитри Полоз беше стрелец на водечкиот погодок за рускиот тим.

Се вчитува...