Рики Ламберт стави крај на кариерата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Саутемптон, Рики Ламберт, по 19 – годишната кариера одлучи да ги „закачи копачките“. 35-годишниот напаѓач остана без клуб откако му истече договорот со Кардиф во јули.

„Се чувствувам среќен што сум имал можност да бидам дел од овој спорт цели 19 години. Сум имал успеси, но и големи падови во кариерата, сепак чест ми е што можам да кажам дека сум носел дрес на клубови како што се Ливерпул и на Саутемптон. Исто така сум горд што добив шанса да ја претставувам мојата земја на Светското првенство 2014 година, тоа ми беше исполнување на сонот“, изјави Ламберт.

Во неговата кариера, Ламберт постигна 218 погодоци во 607 настапи за вкупно девет клубови, а најмногу се истакна во Саутемптон, каде на 207 настапи постигна 106 гола. Престојот на „Сент Мери“ најмногу ќе го памети по успехот на клубот да се врати во Премиер-лигата. За репрезентацијата на Англија забележа симболични три погодоци на 11 настапи.

Се вчитува...