Рикиардо го „чукна“ новиот болид и прв го испроба „ореолот“

Даниел Рикиардо на патеката „Силверстоун“ ги извозе првите километри во новиот болид на Ред бул за претстојната сезона во Формула 1. Но, австралискиот возач немаше многу среќа на стартот на подготовките и уште на првото излегување на патеката го „чукна“ новиот болид.

Возачот на Ред бул и шефовите во тимот, тактички не го одбележаа инцидентот кој се случил за време на снимањето на рекламен видеоматеријал за движењето на патеката.

Но, подоцна од видео материјалите стана јасно дека Рикјардо загубил контрола на возилото и излетал од водената патека при што удрил во заштитната ограда и го оштетил предниот дел на болидот. Така Австралиецот стана првиот возач што практично при реален инцидент го тестирал новиот систем за сигурност на болидите, познат како „ореол“.

Дефектот на болидот на Ред бул не бил голем, но Рикиардо сепак не успеал да ги релизира предвидените тест-тури на патеката. Според правилникот, за снимање на рекламни видеа, тимовите во еден ден имаат лимит од 100 км на патеката, надвор од официјалните претсезонски тестови.

Се вчитува...