Римскиот „нинџа“ останува: Наинголан во Рома до 2021 година!

Рома официјално ја продолжи соработката со Раџа Наинголан до 2021 година. Белгискиот репрезентативец ја докажа својата лојалност кон клубот, иако за него нудеа богатства. Наинголан ги брани боите на Рома од 2014 година, а за официјалната веб страница изјави дека е пресреќен што ќе ја продолжи кариерата на „Олимпико“.

„Пресреќен сум со новиот договор, мислам дека клубот отсекогаш знаеше дека го сакам ова. Возбуден сум што заедно ја продолжуваме оваа авантура, и се надевам дека Рома може уште да расте како тим и да остварува успеси“, истакна Наинголан.

29-годишниот фудбалер од средниот ред е мета на неколку европски гиганти веќе неколку трансфер периоди. Но, и покрај шпекулациите, популарниот „нинџа“ останува верен на „римската волчица“.

„Горди сме на обновувањето на долгогодишната соработка со Раџа Наинголан. Никогаш не беше во прашање неговата иднина во овој клуб, бидејќи тој е многу важен играч за нас“, истакна претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Се вчитува...