Ристевски од Победа се сели во Тирана, прилепчани се засилија со Лога

Дефанзивецот на Победа, Александар Ристевски ги напушти редовите на прилепскиот прволигаш и својата кариера ја продолжува во албанскиот второлигаш Тирана.

25-годишниот Ристевски се очекува наредниве денови да го официјализира трансферот во лидерот во второлигашката конкуренција во Албанија. Ристевски е поранешен фудбалер на Скопје, Металург и Младост Царев двор.

Од друга страна, прилепчани се очекува средниот ред да го засилат со досегашниот фудбалер на второлигашот Струга Трим Лум, Алтин Лога. Од пред неколку денови со тренинзи со првиот тим започнаа и екс-фудбалерите на Победа, Стојанче Дунимаглоски и Валентин Колески.

Се вчитува...