Ристовски и Жута итаат кон титула во Хрватска, „поцрвене“ Ејупи

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со својот тим Ријека итаат кон шампионската титула во Хрватска. Нивниот тим направи огромен чекор напред откако го совлада Осијек со 2-0 на домашен терен, користејќи го поразот на главниот ривал Динамо Загреб за зголемување на предноста. Сега Ријека има големи осум бода предност на врвот на табелата во хрватскиот шампионат.

Ријека славеше со 2-0, со два гола од пенал, првиот беше дело на Безјак во 11.минута, а вториот го реализираше Андријашевиќ во 90.минута. Ристовски и Жута беа стартери во составот на Матјаж Кек.

Во составот на Осијек на овој меч поцрвене Музафер Ејупи. Тој доби два жолти картони и беше исклучен во последните моменти од првото полувреме.

Се вчитува...