Ристовски ќе игра ЛШ со Спортинг, Ливерпул го растури Хофенхајм

Стефан Ристовски ќе биде дел од Лигата на шампионите откако неговиот клуб Спортинг Лисабон вечерва со одлична игра во Букурешт ја елиминираше екипата на Стеауа. Македонскиот десен бек не настапи ниту на вечерашниот реванш, но Спортинг за разлика од првиот меч што заврши без победник вечерва лесно ја наметна својата игра и славеше со убедливи 1-5. Думбија само по десетина минути игра го доведе португалскиот клуб во водство, домаќините израмнија преку Маранхао, но нивниот отпор беше скршен во рок од пет минути, кога од 60. до 64. минута гостите постигнаа уште два погодоци преку Акуња и Мартинс, за до крајот Спортинг да стигне и до пет постигнати гола на ова навидум тешко гостување.

Ливерпул со стил се пласираше во групната фаза, откако „црвените“ вечерва го декласираа Хофенхајм со убедливи 4-2. Садио Мане не постигна гол, но беше незапирлив за дефанзивците на Хофенхајм, а меѓу стрелците на „Енфилд“ се запишаа Емре Џан (два погодоци), Салах и Фирмино.

All Goals & Highlights – Liverpool 4-2… by footballgoalshow

ЦСКА по победата од 0-1 во Швајцарија денеска повторно славеше над Јанг бојс, овојпат на домашен терен со 2-0, благодарение на погодоците на Шeников и на Џагоев.

All Goals & highlights HD – CSKA Moskva 2-0… by livefootball10

Место во групната фаза од ЛШ по неколку години пауза повторно обезбеди и кипарски АПОЕЛ, кој ја задржа предноста од 2-0 од првиот меч со Славија Прага, играјќи 0-0 на денешниот реванш во чешкиот главен град.

Место во елитното европско натпреварување не обезбеди Копенхаген, откако данскиот првак славеше вечерва со 2-1 над Карабах, но беше елиминиран поради гол помалку постигнат на гостински терен (првиот меч во Азербејџан заврши со резултат 1-0).

All Goals & highlights HD FC Copenhagen (Den… by livgol

Се вчитува...