Ристовски со Барселона рутински до нова победа во АСОБАЛ

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски со Барселона славеше победа против Теукро со 28-38 во последниот натпревар во шпанската АСОБАЛ лига пред зимската пауза.  Со тоа завршуваат и клупските обврски за Ристовски во Шпанија неколку дена пред стартот на подготовките со македонската репрезентација за јануарското ЕП во Хрватска.Во последниот натпревар за Барселона во оваа календарска година, Ристовски запиша четири одбрани, а Перез де Варгас имаше една помалку. Најефикасни во составот на Барселона беа Валеро Ривера со шест и Дика Мем со пет гола.Натпреварите во АСОБАЛ лигата продолжуваат на почетокот од февруари, а во првиот дуел од пролетниот дел, Барселона на 3 февруари му гостува на Порто Сагундо.

Се вчитува...