Ристовски: Среќен сум што дојдов во Спортинг Лисабон

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски од денеска и официјално е нов член на португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Тој беше промовиран како големо засилување за „лавовите“, а истакна дека е многу среќен што доаѓа во така голем европски клуб.

„Среќен сум што конечно гледам како мојот сон се исполнува. Отсекогаш знаев дека еден ден ќе играм во голем клуб. Верував дека еден ден ќе потпишам за клуб како Спортинг Лисабон. Би сакал на раководството да му се заблагодарам за трпението, затоа што навистина не беше лесно. Сега сум среќен и исполнет. Не сакам да давам ветувања однапред, но можам да ве уверам дека ќе го давам максимумот за овој дрес, и за фановите. Задоволен сум што ќе работам со таков стратег како Жорге Жесус“, изјави Стефан Ристовски, при својата презентација како нов играч на Спортинг Лисабон.

 

Се вчитува...