Ристовски во солзи ја прослави титулата со Ријека: Ќе ги тетовирам трофејот и овој град!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не можеше да ги сокрие емоциите по освојувањето на шампионската титула со Ријека во хрватскиот шампионат.

Солзи радосници не можеше да сокрие Ристовски, кој заедно со Леонард Жута, се запишаа во историјата на Ријека со првата шампионска титула за титула во 71-годишната историја.

„Се уште не можам да верувам, се уште плачам. Ова е нешто неверојатно, нешто за кое сонува секој фудбалер, посебно кога се слави историски момент и во една ваква атмосфера каква што е оваа“ – вели Ристовски за миговите славје во Риека.

„Горд сум на своите соиграчи, сега може да славиме и уживаме. Се боревме против секого и против сите, беше тешко да се освои трофејот, но прв е и сигурно најсладок“.
stefan ristovski
Македонскиот репрезентативец вчера, за време на прославата на стадионот „Рујевица“ се најде и во улога на водач на навивачката група „Армада“, чиј миленик е од самото негово пристигнување во градот.
„Јас сум вистински ријечанец. Што да ви кажам, го сакам овој град, ќе ги тетовирам на моето тело трофејот и градот. Горд сум, и ако еден ден замина од овој клуб, сакам во Ријека да ја завршам кариерата“ – истакна Стефан Ристовски по освојувањето на шампионската круна.
stefan ristovski so rijeka

Се вчитува...