Ризеспор е „македонски“ клуб: Војнески и Јовановски со мисија да го одведат во Суперлигата

Двајца македонски фудбалски тренери од неодамна работат во турскиот клуб Ризеспор. Иван Јовановски Карас, кој е кондициски тренер и во А-репрезентацијата на Македонија, и Славчо Војнески, се асистенти на Ибрахим Узулмез во второлигашот Ризеспор, клуб со голема традиција, кој има амбиции да се врати во најквалитетното фудбалско друштво на оваа земја.

slavco vojneski 2За првите впечатоци во Ризеспор, како и аспирациите на клубот, за ЕКИПА говори Славче Војнески.

„Ризеспор е клуб со врвно реноме во турскиот фудбал, има одлични услови за работа, во клубот сме одлично прифатени од сите структури, посебно од претседателот кој буквално ни има дадено одврзани раце за работа. После два нерешени резултати, дојде и првата победа на домашен терен против Болуспор“, вели Славчо Војнески.

Амбициите се големи, клубот да се врати во елитата.

„Ризеспор во оваа сезона влегува со амбиции за освојување на место кое догодина ќе обезбеди влез во Суперлигата во Турција. Се надеваме дека со напорна работа ќе успееме да ја оствариме оваа цел“, дополнува Војнески.

Се вчитува...