РК Прилеп се повлекува од Супер лигата

Финансиската криза и агонијата на РК Прилеп кулминира со откажување на клубот од настапите во Супер лигата.

Од прилепскиот клуб со соопштение, денеска ја информираа јавноста дека се повлекуваат од натамошното натпреварување во Супер, откако не успеал да обезбедат генерален спонзор и неопходните финансиски средства за нормално функционирање на клубот.

„Имајќи предвид дека во изминатиов период не успеавме да го убедиме генералниот спонзор за натамошна соработка, со жалење ве известуваме дека Ракометниотн клуб Прилеп се откажува од натамошното натпреварување во машката ракометна Супер лига“ – стои меѓу другото во соопштението од РК Прилеп.

Се вчитува...