Роџер Шмит, нов селектор на Холандија?

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен, Роџер Шмит, е главен кандидат за нов селектор на холандската фудбалска репрезентација, објавија холандските и германските медиуми. Тој веќе имал првични разговори со челниците на холандскиот фудбал и се очекува во најскоро време да биде донесена дефинитивна одлука дали ќе се застане на кормилото на „лалињата“. Дани Блинд го напушти селекторското место по серијата неубедливи резултати во квалификациите за СП 2018, а Фудбалската федерација на Холандија се уште размислува за тоа кој да биде негов наследник.

Германскиот стратег во март оваа година доби отказ од Баер Леверкузен, откако тимот загуби со 6-2 во дербито против Борусија Дортмунд. Покрај Роџер Шмит, кандидати за селекторската позиција на холандската фудбалска репрезентација се и прославениот Руд Гулит, како и Хенк Тен Кате.

Се вчитува...