Родман призна кој „скок“ му е омилениот: Од Мадона на Кармен Електра

Контроверзниот НБА кошаркар, Денис Родман, има темпераментен дух и во својата 55-та година од животот. И понатаму ја изненадува јавноста со своите потези и возбудливиот начин на живот, а во едно интервју призна и кој „скок“ му е омилен.

„Скокот од Мадона на Кармен Електра. Тој ми е омилен. Навистина тоа беа денови кои ќе ги паметам“, потенцираше Родман, кој беше познат како најдобар скокач во НБА во периодот кога го носеше дресот на Чикаго булс.

Тој призна дека имало денови кога воопшто и не се сеќавал дека е кошаркар, затоа што бил „мртов пијан“.

„Имаше моменти кога не знаев ниту како се викам, а не дали сум кошаркар. Но, затоа знаеја девојките кои се вртеа околу мене. Една од нив ми го скрши пенисот. Имавме таков жесток секс, а потоа почна да тече крв од моето тело на сите страни. Девојката почна да вреска и мислеше дека дум мртов“, раскажува легендарниот кошаркар.

Се вчитува...