Ројс, Батшуаи и… Усаин Болт: Мислевте дека се шегувам?

Најбрзиот човек на светот, легендарниот спринтер Усаин Болт, кој и кажа збогум на атлетиката, сега ќе се испроба на фудбалскиот терен. Тој најави дека доаѓа времето кога ќе заигра фудбал. Треба да замине на проба во Борусија Дортмунд.

„Еј, дечки! Мислевте дека се шегувам? Подгответе се!“, истакна легендарниот спринтер од Јамајка преку видео-порака. А, неговиот твит го реобјави и Марко Ројс…

Се вчитува...