Ројс ќе паузира еден месец по повредата на мускулот

Малерозниот Марко Ројс и оваа сезона не може без повреди, а последната ќе го оддалечи од фудбалските терени најмалку еден месец. Крилниот играч на Борусија Дортмунд заработи повреда на бутниот мускул на левата нога на дуелот против Баер Леверкузен и ќе мора да паузира триесетина дена.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за истегнување на мускулот од втор степен, а на Ројс му е препорачано строго мирување во следните три седмици. По ова тој полека ќе може да започне со тренинзи, а враќањето на терените се очекува на почетокот од април.

Ројс нема да може да им помогне на „милионерите“ на претстојниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Бенфика, кој ќе се одигра в среда, како и на дуелите од Бундес-лигата против Херта, Инголштад и Шалке 04.

Се вчитува...