Рома без проблеми ја победи Пескара

Р0ма немаше пробчеми да ја совлада Пескара на гости со 1-4 и му побегна на Наполи четири бода во трката за второто место на табелата во Серија А, кое води директно во Лигата на шампионите следната сезона. Фудбалерите на Спалети се мачеа до самиот крај на првиот дел, кога Стротман во 44.минута ја погоди мрежата на последнопласираниот тим во италијанскиот шампионат. Само една минута и Наинголан стрелаше на вистинското место, па Р0ма на полувреме замина со предност од 0-2.

Во вториот дел, Салах постигна два гола во 48.минута и во 60.минута, со што беа разрешени сите дилеми околу победникот, а Пескара се радуваше на почесен гол во 83.минута, кој беше дело на Бенали.

All Goals & highlights HD – Pescara 1-4 AS… by LiveGoalsTV

Се вчитува...