Рома го купува Гоналонс пред носот на Наполи

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе излезе како победник во трката по играчот за врска на Лион, Максим Гоналонс. Иако се споменуваше дека тој е блиску до трансфер во Наполи, сепак, спортскиот директор Мончи почна да ги покажува своите преговарачки способности и успеа да го убеди Гоналонс да пристигне на „Олимпико“. Останува во наредните неколку дена и двата клуба да се договорат за отштетата и трансферот да се реализира.

Гоналонс ги договори личните услови со „волчицата“ и треба да потпише четиригодишен договор со новиот клуб.

Се вчитува...