Рома го „мерка“ Лукаш од ПСЖ

По заминувањето на Мохамед Салах, италијанскиот калчолигаш Рома е во потрага по крилен играч кој ќе го наследи во составот на „волчицата“. Според бразилските медиуми, изборот на новиот спортски директор Мончи паднал на Лукаш, фудбалерот на Пари Сен Жермен. Тој не успеа да се наметне во тимот на „светците“ како еден од носителите на играта, па ПСЖ и не би имал против да го продаде за добра сума.

Рома е подготвена да плати 25 милиони евра за Лукаш, а новиот тренер Еузебио Ди Франческо да му даде многу поголема слобода во играта да му гарантира првотимски статус. Ова секако е добра понуда за Лукаш, кој сака да избори место во селекцијата на Бразил за претстојното Светско првенство во Русија следната година.

Тренерот Емери планира во новата сезона да му даде поголема шанса на младиот Португалец Гуедеш, кој пристигна во јануарскиот преоден рок, па јасно е дека кормиларот на ПСЖ би дал зелено светло за заминување на Лукаш доколку добие интересна понуда за бразилскиот фудбалер.

Се вчитува...