Рома го освои Удине

Рома победнички ја напушта „Дачија арена“ во Удине, славејќи против домашниот тим на Удинезе со 0-2, во првиот меч од 25.коло во Серија А. „Волчицата“ освои големи три бода со кои сега се наоѓа на третата позиција на табелата.

Турскиот интернационалец Ченгиз Ундер беше човек на одлука на овој натпревар. Тој во 70.минута со фантастичен удар од 25 метри успеа да го совлада голманот на Удинезе. Во самата завршница Диего Пероти го постави конечниот резултат на дуелот.

Се вчитува...