Рома играше и победи за Астори, Манолас со солзи за поранешниот соиграч (ВИДЕО)

Рома со убедливи 3-0 славеше против Торино во првиот натпревар од 28. коло во Серија А.

Фудбалерите на Рома, како што постојано беше потенцирано на самиот меч, играа и победија за прерано починатиот фудбалери на Фиорентина, Давиде Астори.

Првиот гол го постигна Костас Манолас во 56. минута веднаш посветувајќи го на својот поранешен клупски соиграч Астори…

На 2-0 во 73. минута зголеми Де Роси, а конечните 3-0 ги заокружи Пелегрини во 93. минута.

Со овие три бода Рома се зацврсти на третата позиција со 56 бода, далеку зад водечките Наполи и Јувентус кои се со 69 односно 68 бода.

Се вчитува...