Рома ја доби битката за Патрик Шик

Патрик Шик е нов член на Рома, откако раководството на „волчицата“ успеа да се договори со Сампдорија околу деталите за трансферот на младиот чешки репрезентативец. Одличниот офанзивец беше поврзуван со Јувентус и со Интер, но директорот на Рома, Мончи, ги финишираше преговорите со Самп.

Понудата на Рома беше супериорна во однос на оние на останатите заинтересирани клубови, „волчицата“ плати 38 милиони евра за да го доведе Шик на „Олимпико“, по што Сампдорија даде зелено светло за трансфер. Младиот Чех во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи во Рим, по што ќе потпише петгодишен договор со Рома.

Само за потсетување, Шик на стартот од сезонава беше пред потпис со Јувентус, но трансферот пропадна откако „старата дама“ изрази сомнеж за неговата здравствена состојба. Интересно, еден месец подоцна Јуве испрати нова понуда за истиот фудбалер, но со пониска сума, што беше одбиена од страна на Сампдорија.

Се вчитува...