Рома не губи време, Шаќири ќе биде замена за Салах

Рома тргнува по потписот на Џердан Шаќири од Стоук. Откако клубот заработи доста пари од трансферот на Салах во Ливерпул, Мончи не сака да губи време, па веднаш пребарува на маркетот соодветна замена за Еѓипќанецот.

25-годишниот швајцарски репрезентативец би можел да се врати во Серија А, откако не се снајде во Интер, пристигна во Стоук каде е веќе две години. Според шпекулациите од Италија, претставници на Рома се веќе во Англија, каде се преговара за цената на играчот, односно дали воопшто ќе дојдат до согласност да го реализираат трансферот.

Визијата на Рома е јасна, да најдат играч со слични квалитети на Салах, а Шаќири очигледно се вклопува во нивната филозофија.

Се вчитува...