Рома сака да и го украде идниот тренер на Барса?

Италијанскиот калчолигаш Рома вплетка прсти кон Ернесто Валверде, шпанскиот стратег кој се најавува како нов тренер на каталонскиот гигант Барселона. Тој треба да го замени Луис Енрике на клупата на „Камп Ноу“, но новиот спортски директор на Рома, Мончи, ќе се обиде да го доведе на „Олимпико“, како нов шеф на стручниот штаб на „волчицата“ и наследник на Спалети.

Мончи е еден од експертите за ангажман на нови фудбалери во Европа, тој успеа да доведе значајни засилувања за Севилја во изминатиот период, а сега стартува со работа во редовите на Рома и сака да го доведе за тренер токму Валверде. Барселона најави дека нема да го објави името на тренерот до 29 мај, кога сезоната и официјално ќе биде завршена за нив, но дотогаш е можно Мончи да вплетка прсти во ангажманот на Валверде.

 

Се вчитува...