Роналдињо не оди во пензија, ќе игра фудбал во Уругвај

Бразилскиот фудбалски волшебник Роналдињо ќе ја одложи пензијата и ќе игра фудбал во Уругвај. Тој преговара со клубот Национал и најавите се дека многу ќе пристигне и официјална потврда за склучување на соработката. Тоа ќе биде деветти клуб за Роналдињо во кариерата.

Неверојатниот Бразилец првите фудбалски чекори ги имаше во Гремио, а потоа беше член и на ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Кверетаро и на Флуминенсе.

Се вчитува...