Роналдо чести мекици: Доби близнаци од сурогат мајка

Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо има голема причина за славење, со оглед дека стана татко на близнаци добиени од сурогат мајка. Неговиот син Роналдо јуниор, кој има шест години, добива братче и сестричка, кои ќе го добијат имињата Матео и Ева.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја потврди оваа вест, откако таа претходно беше лиферувана од португалскиот магазин „Корејо ди Мања“.

Според некои информации од Португалија, и девојката на Роналдо, Георгина Родригез, е исто така бремена, па Португалецот би можел по неколку месеци повторно да го зголеми своето семејство.

Се вчитува...