Роналдо даде гол од офсајд, Баерн на колена пред судиите

Во таборот на Баерн Минхен со право се бесни на арбитражата на унгарските судии на чело со Касаи, откако по непостоечкиот црвен картон за Видал, арбитрите превидоа и очигледен офсајд на Роналдо.

Португалецот стрелаше во 105. минута на додавање на Серхио Рамос, но нејасно е како помошникот не забележа дека тој се наоѓа еден метар зад дефанзивците на Баерн во моментот на додавањето. Кристијано го искористи судискиот подарок и погоди за 2-2, носејќи го Реал на чекор до полуфиналето.

2-2 Cristiano Ronaldo Goal Real Madrid 2-2… by diyan-delev

Се вчитува...