Роналдо го убедува Флорентино Перез да го купи сонародникот Андре Силва

Европскиот првак Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач, откако тренерот Зинедин Зидан конечно го убеди Флорентино Перез дека му се потребни повеќе опции во навалната линија, со оглед дека Герет Бејл е константно повреден. Тука во акција стапи Кристијано Роналдо, кој го препорачува својот сонародник Андре Силва од Милан.

Младиот Португалец не игра според очекувањата на „Сан Сиро“ оваа сезона откако дојде од Порто и раководството на „росонерите“ ја разгледува опцијата за негова итна продажба. Роналдо е уверен во реализаторските способности на неговиот сонародник и го убедува Флорентино Перез да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Доколку Реал Мадрид не успее во намерата да го купи Мауро Икарди, кој е прв „пик“ на „кралскиот клуб“, тогаш можно е да се насочи токму кон Андре Силва. И двајцата би можеле да играат и во Лигата на шампионите напролет, што исто така е поволна околност за Зинедин Зидан.

Се вчитува...