Роналдо и Мурињо меѓу најомразените ликови во фудбалот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Роналдо и Мурињо меѓу најомразените ликови во фудбалот

Роналдо и Мурињо меѓу најомразените ликови во фудбалот

Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо се португалски легенди во фудбалот, но и два од десетте најнеомилени ликови во овој спорт, според изборот на англискиот магазин „FourFourTwo“. Листата од 50 најомразени ликови во светот на фудбалот ја предводи поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, веднаш зад него е Мурињо, а по нив во „Топ 10“ следуваат: германскиот голман Харалд Шумахер, поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, спортскиот новинар Ричард Кејс, Кристијано Роналдо,поранешниот директор на Јувентус, Лучиано Моџи, сенегалскиот играч Ел Хаџи Диуф, сопственикот на МК Донс, Пит Винкелман и англискиот фудбалер, Џон Тери.

Британскиот магазин за сите 50 ликови дава и објаснување во неколку реченици. Посебно е интересен описот на Роналдо како еден од најнарцисоидните ликови во фудбалот.


Real Madrid's Cristiano Ronaldo rues a missed chance

„ Во целата кариера води две битки, едната против Меси, другата со перцепцијата на јавноста за него. Толку е нарцисоиден и заљубен во себе, што е незадоволен кога на стадионот нема голем екран. Сетете се само на прославата на победата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите за која немаше никаква заслуга. Или кога застана на сред прославата на европската титула со Португалија бидејќи се виде себе си на големиот екран“.

За Жозе Мурињо стои „квалификација“ дека е еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата, кој не може да го поднесе комплетната популација на Каталонија и половина Шпанија и дека  тој не може без судири и од тоа извлекува енергија.

murinjo

Повеќето луѓе избегнуваат конфликти, некои не се грижат за тоа воопшто, а трети едвај чекаат такви ситуации и жртви за нив. Легендарниот бродвејски продуцент Дејвид Мерик во една прилика рекол: „Не ми е доволно да победам, моите непријатели мора да загубат“. Мурињо си создаде непријатели на секој чекор, дали е тоа Венгер, Хазард, Гвардиола, цела Каталонија или половина Мадрид, нему не му е грижа за тоа“ – пишува „RourFourTwo“.

Покрај споменатите личности, на оваа листа се и Диего Марадона, Луис Суарез, Пепе, Серхио Бускетс…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.