Роналдо ја потврди среќната вест: Георгина е бремена

Кристијано Роналдо го чека своето четврто дете, прво од девојката Георгина, известува шпанскиот медиум „Ел Мундо“. Португалецот во разговор со еден новинар истакна ја потврди информацијата, Георгина е бремена, а Роналдо може да почена да се фали дека ќе стане татко по четврти пат.

Шпекулациите околу оваа вест кружат веќе неколку недели, откако на социјалните мрежи излегоа слики од парот каде се забележува минималната заоблена форма на стомакот на Георгина.

Пред извесно време 32-годишниот фудбалер доби близнаци од сурогат мајка. На истиот начин го доби и првиот син кој го носи неговото име, Кристијано Роналдо Јуниор.

Роналдо истакна дека е пресреќен со новите деца, постојано ужива со нив, и дека целото време го користи да биде со семејството. За новото бебе, Роналдо вели дека е возбуден и нетрпелив, одвај чека да го запознае.

Се вчитува...