Роналдо: Лесно е…Зидан ни верува, а ние знаеме како до победа

Реал Мадрид испиша историја. „Кралскиот клуб“ е првиот клуб во историјата кој успеа да ја одбрани титулата во историјата на Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е најдобар кога е најпотребно, со два гола го урна надежите на Јувентус дека можат „трофејот со уши“ да го однесат во Италија.

За сите фудбалски фанови од Македонија ќе биде посебно задоволство да го следат Реал Мадрид во Суперкупот на Европа во Скопје на 8 август, во дуел со Манчестер јунајтед. Ќе биде тоа волшебен меч и за Роналдо, кој ќе игра против својот поранешен тим.

„Фантастичен крај на сезоната. Реал Мадрид покажа дека е најдобар и во Шпанија и во Европа. Горд сум на соиграчите, ова за нас е волшебна вечер“, изјави Роналдо веднаш по триумфот во финалето на Лигата на шампионите во Кардиф.

Португалецот ја откри и тајната. Како Реал Мадрид успева да биде на врвот…

„Лесно е…Имаме неверојатен тренер, совршен инспиратор, беше еден од најголемите фудбалери во светот. Кога тој ќе ни каже, ви верувам, вие знаете како да победите, тогаш ние излегуваме на теренот и го правиме токму тоа“, дополни Кристијано Роналдо.

Се вчитува...