Роналдо: Не барам улица во Мадрид, само да не ми свирите

Кристијано Роналдо со нов хет-трик го одведе Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. Португалецот постигна пет гола на двата натпревари со Баерн, а по вечерашниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ истакна дека патот до нова европска титула за Реал Мадрид уште е долг.

Се уште е далеку дванаесеттата титула, но сигурно дека јас и моите соиграчи ќе сториме се за да ја освоиме. Баерн е тим способен да постигне гол на секој стадион, го покажа тоа и денеска во овој фантастичен натпревар. Сепак, ние бевме подобар противник и заслужено одиме понатаму“ – изјави Роналдо.

Португалецот одигра многу слабо во првото полувреме, па во еден момент до него пристигнаа и свирежи од трибините на „Сантијаго Бернабеу“.

Јас не барам улица во Мадрид, туку само да не ме исвиркуваат бидејќи секогаш го давам максимумот кога ќе го облечам дресот на Реал“ – порача најдобриот фудбалер на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...