Роналдо не е прв, туку 713. напаѓач во светот! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Роналдо не е прв, туку 713. напаѓач во светот!

Роналдо не е прв, туку 713. напаѓач во светот!

Кристијано Роналдо ја игра најлошата сезона во кариерата кога е во прашање лигашкиот фудбал. Статистиката е немилосрдна, а покажува само еден гол зад името на Португалецот во досегашниот тек од сезоната.

Статистички, Роналдо е најлошиот напаѓач во топ пет европските лиги, меѓу фудбалерите со десет и повеќе шутеви кон голот. Со еден погодок од 48 шута кон голот, Роналдо има успешност од 2.08 %. Или попрецизно тоа го сместува на 713.место меѓу напаѓачите во пет европски лиги.

Пред две сезони, Роналдо исто така имаше лош старт и не постигна гол на шест од првите седум натпревари, но тогаш му тргна против Еспањол и тоа му го подобри просекот.

Оваа сезона, во петте најсилни лиги во светот, најмногу шутирал Меси и од 69 шута дал 11 гола.. Кејн од 58 шута постигнал осум гола, Дибала од 56 пута 11, а зад нив се Инсиње, Џеко, Имобиле…сите многу поуспешни од Роналдо.

Со најголем процент на реализација во најсилните пет лиги во Европа е Фалкао. Колумбиецот има 13 гола од 26 обиди, или секој втор негов шут завршува во противничката мрежа. Зад него се Леки од Херта и Анхел од Хетафе со по четири гола од 10 шута колку што има и Марсијал од Манчестер јунатед од 11 обиди. Добар старт имаше и Заза со девет гола од 27 шута, а тука некаде со приближно ист процент на реализација се уште и Депај, Жесус и Едисон Кавани.

Меѓу играчите кои шутнале десет и повеќе пати, а не постигнале гол на врвот се Том Инс од Хадерсфилд и Редмонд од Саутемптон со 27 шута без гол, а трет е Анхел ди Марија со 25 обиди без погодок во осум натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.