Роналдо не запира, Реал на еден бод до трофејот во Примера - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/07/2017 22:22
Ракомет
24/07/2017 21:25
Ракомет
24/07/2017 20:37
Фудбал
24/07/2017 20:08

Роналдо не запира, Реал на еден бод до трофејот во Примера

Роналдо не запира, Реал на еден бод до трофејот во Примера

Кристијано Роналдо ја продолжи својата извонредна голгетерска серија и на вечерашниот заостанат натпревар против Селта, со два гола предводејќи го Реал до победата од 1-4 во Виго со која „кралевите“ се наоѓаат на само еден бод до нова шампионска титула. Мечот го одбележаа премногу тензии на теренот по неправедното исклучување на Јаго Аспас на стартот од второто полувреме, што не фрла сенка за заслужената победа со оглед на фактот дека Реал и до тој момент имаше предност од 0-2 со двата погодоци на Роналдо.

Португалецот блесна веќе во 10. минута, кога со прекрасен удар од дваесетина метри го матираше домашниот голман. Селта играше офанзивно, се обиде да стигне до израмнување, но по една слаба реакција на Гвидети на стартот од второто полувреме стигна казна, Иско извонредно повлече контранапад и го проигра Роналдо, а португалскиот ас беспрекорно ја смести топката во долниот агол од голот на гостите.

Сите шанси за камбек исчезнаа во 61. минута, кога по еден сомнителен дуел Рамос – Аспас судијата не само што не досуди пенал за Селта, туку и му покажа втор жолт картон на домашниот напаѓач, испраќајќи го кон соблекувалните. Домашните збеснаа откако една минута подоцна на спротивната страна имаше многу слична ситуација кога Роналдо се испружи на земјата, но судијата немаше храброст да му покаже ниту жолт картон на најдобриот фудбалер на Реал.

Продолжението мина во тензично расположение на играчите на Селта, кои протестирајќи на судискиот критериум добија уште неколку жолти картони. Сепак, тоа им даде мотив повеќе да тргнат во офанзива, па и да ја преполоват предноста на Реал откако ударот на Гвидети го закачи Варан и заврши зад грбот на Кејлор Навас. Сепак, домаќините платија за премногу отворената игра, па по една загубена топка на средината од теренот Реал организираше одличен напад што Бензема на додавање на Марсело го претвори во гол за 1-3. Играта на Селта тотално се распадна, Реал промаши неколку зицери, пред Тони Крос со прецизен удар во финишот да ги постави конечните 1-4.

Реал Мадрид со овој триумф сега има три бода предност во однос на Барселона, па во последното коло, на гостински терен против Малага, на тимот на Зинедин Зидан ќе му биде доволен само еден бод за да стигне до титулата.


Golazo de Cristiano Ronaldo vs Celta (1-0) by bobilec


Cristiano Ronaldo Second GOAL HD – Celta Vigo… by eurofootballhd1


John Guidetti Goal Celta Vigo 1 – 2 Real Madrid… by Score5


Karim Benzema Goal Celta Vigo 1 – 3 Real Madrid… by Score5


Toni Kroos Goal HD – Celta De Vigo 1 vs Real… by lyrics-group

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.