Роналдо прикривал данок, казната е до пет години затвор

По Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најде на удар на шпанската даночна управа. Фудбалерот на Реал Мадрид е под обвиение дека прикривал данок, а казната за ваков прекршок е до пет години затвор.

Меси и неговиот татко неодамна беа осудени за прикривање данок, а ѕвездата на Барселона доби условна казна. Слично сценарио го очекува и неговиот ривал од Реал Мадрид.

Шпанското министрество за финансии ги потврди наводите на Даночната управа која на Државното јавно обвинителство му испрати документи со кои се поврдува дека Роналдо не платил данок во периодот од 2011 до2013 година.

Иако првично се споменуваше сума од осум милиони евра, според шпанска „Марка“, вкупната сума за три години може да стигне до 15 милиони евра. Министерството за финансии објави дека за ваков прекршок, законот пропишува казна од две до шест години што може да се претвори и во единствена петгодишна казна затвор. Но, како и Меси, најверојатно и Роналдо ќе заврши само со условна казна, доколку ја признае грешката и ја уплати сумата што ја должи.

Според шпанскиот закон, казната затвор за ненасилно злосторство помала од две години може да се претвори во условна. Шпанските медиуми,  наведуваат дека за овие обвиненија, доколку Роналдо ја признае грешката и го плати долгот, казната би можела да биде 15 месеци затвор.

Се вчитува...