Роналдо призна: Со Пепе, Хамес и Мората бевме многу посилни

Португалскиот ас Кристијано Роналдо јавно го призна она што сите го констатираат, дека Реал Мадрид загуби многу со заминувањето на неколку искусни фудбалери ова лето. Дојдоа млади сили, но тие се уште не се подготвени да одговорат максимално на предизвиците што ги има „кралскиот клуб“. Роналдо вели дека на тимот му недостасуваат Пепе, Хамес Родригез и Алваро Мората, кои во летниот преоден рок си заминаа од „Сантијаго Бернабеу“.

„Лошо е кога Реал Мадрид не победува, а ние имаме два порази во низа. Но, после лошото доаѓа и добро. Овој тим е способен да се издигне и да се бори за трофеите до крајот на сезоната. Сепак, ако анализираме, бевме многу посилни минатата сезона. Ни недостасуваат Пепе, Хамес и Мората, кои си заминаа ова лето. Дојдоа млади и талентирани момци, но понекогаш е дека им недостига неопходното искуство за да ја постигнат својата цел“, изјави Роналдо.

Новинарите го прашаа и за малиот број погодоци што ги постигнуваа оваа сезона, а тој даде неверојатен одговор.

„Сте заборавиле. Можете да отворите на „Гугл“ и да побарате за головите на Роналдо. Сите ги има таму, немојте да заборавате. А ќе ги има и оваа сезона, и тоа многу“, дополни Португалецот.

Се вчитува...