Роналдо си купи нов „ѕвер“ – Бугати од два милиони евра (видео)

Кристијано Роналдо постигна два гола за Реал на гостувањето против Борусија, па видно расположен реши да се пофали пред своите фанови со новиот автомобил што го купи овој месец. Станува збор за вистински „ѕвер“ од брендот Бугати, на кој е изгравирано логото „CR7″, суперавтомобил за кој португалскиот ас платил дури два милиони евра.

Роналдо го зеде новото возило за кратко возење со својот син, а видеото како излегува од гаражата го објави на сопствениот инстаграм-профил со наслов: Ново „животно“ во зградата, Бугати Чирон.

Се вчитува...