Роналдо со хет-трик донесе светска круна за Реал Мадрид! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35
Кошарка
10/12/2017 18:43

Роналдо со хет-трик донесе светска круна за Реал Мадрид!

Роналдо со хет-трик донесе светска круна за Реал Мадрид!

Реал Мадрид стигна до светската клупска титула откако во финалето на ФИФА Светскиот куп во Јокохама славеше против шампионот на Јапонија, Кашима Антлерс дури по продолженијата со 4-2 (1-1, 2-2).

Кој друг ако не, Кристијано Роналдо со три погодоци ги однесе „кралевите“ до светската круна, и покрај тоа што Реал до 60. минута имаше и негатива од 1-2.

А, мадриѓаните поведоа уште во 9. минута со голот на Бензема, но Шибасаки израмни во 44. минута, за да Кашима повторно со голот на Шибасаки дојде до предност од 1-2 во 52. минута.

real - kashima 2

И тогаш на сцена стапува Роналдо, кој најпрво во 60. минута од пенал донесе израмнување на 2-2, па откако со тој резултат заврши регуларниот дел, во продолженијата Роналдо со уште два гола во 98. и во 104. минута донесе светска клупска титула за Реал.


Real Madrid 4-2 Kashima Antlers All Goals… by reddefutbol

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.