Валентино Роси помина без казна

Минатата сезона во МотоГП, традиционално заврши со ГранПри-то во Валенсија. Валентино Роси заврши уште една сезона без титула и по завршувањето на трката во пит-лејнот турна жена додека возеше на мотоцикл. Возачот воопшто не изрази жалење, а жената најави тужба.

Ана Канабилас е името на жената која „докторот“ ја турна. На снимката јасно се гледа како Роси ја турка и продолжува да вози. Таа најави тужба и поднесе против возачот во судот во Валенсија, но денес таа беше одбиена.

Причината поради која тужбата е одбиена е поради неточно дефинирана пријава. Имено, Ана поднела пријава против манирите на Роси и притоа не ги спомнала телесните повреди со кои се здобила, ниту пак го потенцирала видеото од ’инцидентот’. Постапката на Роси во питлејнот, според судот во Валенсија, не може да биде дефинирана како лош манир бидејќи тоа не е прекршочно дело.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/f3412ec1c5f6c55c630722edf3acf4f8.mp4″]

Се вчитува...