Румениге: Нејмар е поскап од „Алијанц арена“

Мегатрансферот на Нејмар навлече бројни критичари поради предизвикување на нереален раст на цените во светскиот фудбал, па така денеска се огласи и Карлхајнц Румениге, кој искажа зачуденост како може еден фудбалер да чини повеќе од изградба на супермодерен стадион како што е „Алијанц арена“, каде што настапува Баерн Минхен.

Често прашувам што е поважно за еден клуб, да изгради модерен стадион или да ги вложи парите во само еден играч. Во нашиот случај, можам да кажам дека го избравме стадионот, но искрено сум зачуден што еден клуб реши да потроши повеќе пари на фудбалер, отколку што ние плативме за изградба на целата арена. Како и да е, ние нема да навлеземе во лудилото, бидејќи Баерн секогаш имал поинаква филозофија од останатите“ – изјави Румениге.

Баерн Минхен играше слабо во подготвителниот период, но сепак се закити со трофеј во Суперкупот на Германија откако на пенали славеше против Борусија Дортмунд. Баварскиот гигант во првото коло од новата сезона во Бундес-лигата ќе го пречека тимот на Баер Леверкузен.

Се вчитува...