Руни даде гол за Евертон во Премиер-лигата по 13 години пауза

Вејн Руни го доведе Евертон во водство во финишот од првото полувреме против Стоук, за својот прв гол за „карамелите“ во Премиер-лигата по пауза од 13 години, или точно 4869 дена од својот претходен погодок за овој клуб во елитното англиско фудбалско друштво.За Руни ова беше вкупно 199. погодок во кариерата во Премиер-лигата, откако поголемиот дел од нив ги постигна во дресот на Манчестер јунајтед, но јасно е дека англискиот ас ќе биде главен адут на Евертон во новата сезона. Wayne Rooney Goal HD – Everton 1-0 Stoke City… by fififilive

Се вчитува...