Русија го спасува угледот со „увоз“ на спортисти?

Русија натурализира спортисти и се обидува на тој начин да се врати на лидерската позиција во спортот и да го поправи угледот нарушен по големата афера за систематски допинг на руските спортисти. Неколку спортски меѓународни спортски асоцијации им забранија на руските спортисти да настапуваа на официјалните натпреварувања, а на Русија и го одзедоа првото да организира меѓународни спортски настани. Паралелно со борбата да го врати својот кредибилитет, руските власти почнаа програма за натурализација на врвни спортисти од други земји.

rusin22

Последен во серијата спортисти што добија руски пасош е австралискиот велосипедист Шејн Перкинс, кој ќе настапи на ОИ 2020 во Токио под руско знаме.

Перкинс кој има две златни и еден бронзен медал од ОИ во 2012 година, потврди дека ќе настапува за Русија.

Отсега па натаму ќе ја претставувам Русија. Велосипедската федерација на Русија ми понуди можност да го остварам својот сон и да настапам на ОИ во Токио во 2020 година. Оваа Олимпијада има посебно значење за мене поради мојот татко, Дерил Перкинс, кој настапувал на Олимписките игри во Токио во 1964 година“ – изјави Шејн Перкинс.

Vladimir_Putin_and_Viktor_Ahn_24_February_2014

Руско државјанство со посебен налог од претседателот на Русија Владимир Путин, доби боксерскиот шампион Рој Џонс Џуниор. Претходно пред ЗОИ 2014 во Сочи беа натурализирани олимпиецот во брзо лизгање  Виктор Ан од Ј.Кореја и американскиот сноубордист Вик Вајлд.

Се вчитува...