Русија остана без полуфинале, виновник е голманот Акинфеев

Русија не успеа да се пласира во полуфиналето од Купот на Конфедерациите, откако попладнево претрпе пораз од 1-2 на дуелот со Мексико. „Зборнаја“ има за што да жали бидејќи на стадионот во Казањ дури и поведе со 1-0 преку Самедов, но не успеа да ја задржи предноста. Виновник за поразот и елиминацијата сигурно е голманот Акинфеев, кој можеше подобро да интервенира при израмнувачкиот гол на Араухо, а згора на тоа е и директен виновник за победничкиот гол на Мексико што го постигна Лозано во 52. минута, кога непотребно истрча на работ на шеснаесетникот и му овозможи на противничкиот играч да ја затресе празната мрежа.

All Goals & highlights HD – Mexico 2-1 Russia… by footballtvvideos

Португалија го освои првото место во групата, откако стигна до подобра гол-разлика од Мексико по победата од 4-0 над Нов Зеланд. Селекторот Сантош за разлика од неговиот мексикански колега не тактизираше со составот, стартуваше со најдобрите единаесетмина, па отпорот на противникот го скрши уште во првото полувреме. Роналдо по двете неискористени стопроцентни шанси го отвори резултатот од пенал во 32. минута, на 2-0 зголеми Бернардо Силва, третиот погодок беше дело на Адриен Силва, додека четвртиот гол во судиското продолжение го постигна Нани.

All Goals & highlights – New Zealand 0-4… by goalsarena2017

Се вчитува...